Регион

Од утре Јавен повик за распределба на социјалните станови во Гевгелија

Oд утре, 16-ти февруари, па се до 20-ти март, сите заинтересирани лица од Општина Гевгелија кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, ќе можат да аплицираат за социјален стан, во новоизградената колективната, станбена зграда во Гевгелија.

Зградата е со површина од приближно 2.400 метри квадратни со четири ката и приземје. На приземје има четири стана наменети за инвалидизирани лица. На катовите има по 12 стана, односно зградата вкупно располага со 52 стана со површина од 35м2 до 49м2, 52 подрумски простории и пет деловни простории. Во склоп на парцелата има и отворен паркинг простор со 22 паркинг места. Изградбата чинеше 102 милиони денари.

Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа:

-деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители,

-корисници на право на гарантирана минимална помош,

-лица погодени од елементарни – природни непогоди,

-лица со попреченост и семејства со лица со попреченост,

-лица припадници на ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и

-самохрани родители со малолетни деца.

Сите граѓаните кои ги исполнуваат условите може да аплицираат до Центарот за социјални работи во Гевгелија. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи Гевгелија, ќе ја обезбедува потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас. Грижата за најранлините категории граѓани е посебно изразена сега во време кога ни претстои најголемиот предизвик со оправување од енергетската и економската криза.

Препорачуваме:

Преку форумски процес валандовчани ќе избираат прироритетни проекти за реализација откако општината доби грант од Швајцарија од 50 000 франци

Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото Димковски: Откупот на јагнето намален, очекуваме со мерката сточарите да го зголемат бројот на стадото |

Стојне Митева

Владата пред одлука за полициски час

Стојне Митева