Регион

Владата пред одлука за полициски час

Во март минатата година тогашната техничка влада, првпат во земјава, прогласи забрана за движење од 21 до 6 часот, со цел справување со првиот бран на ковид-19

Владата на денешната седница ќе одлучува по предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час во земјава поради зголемувањето на бројките на заразени и хоспитализирани поради ковид-19.

Здравствените власти предлагаат полицискиот час да трае две недели, колку што е еден епидемиолошки циклус, така што ќе биде забрането движење од 22 часот навечер до 5 наутро на територија на цела држава.

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, вчера му предложи на Главниот координативен кризен штаб воведување полициски час.

Од Министерството за здравство наведоа дека Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае.

Препорачуваме:

Управниот суд го поништи изборот на директор на Центарот за култура во Струмица

Најавена двочасовна блокада на влезовите во Гевгелија за утре

Бројот на кражби на огревно дрво во струмичко, годинава е драстично намален

Dimitar Micev