Регион

Приведен разбојник од Радовиш

На 14.02.2023 во 10.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(19) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 11.02.2023 околу 01.15 часот во Радовиш физички нападнал женско лице и се обидел да ѝ ја одземе чантата.
Во службен разговор тој го признал делото, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Лицето било задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Препорачуваме:

Од денес започна имплементацијата на договорот помеѓу Турција и ЕУ.Грција ги враќа мигрантите кон Турција а во Германија со авион заминаа бегалци од Сирија.

Професионалните војници после 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари

Стојне Митева

Коста Јаневски е избран за претседател на Југоисточниот регион

Ване Трајков