• Tue. May 21st, 2024

Фондација Заев испрати 22 тони храна за настраданите во Турција

„Фондацијата Заев-едно општество за сите“ што ја формираше поранешниот премиер Зоран Заев, денеска испрати камион со 22 тони конзервирана храна за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција. Според објавата на официјалниот фејсбук профил на Заев, станува збор за донации во храна што се обезбедени преку компаниите „Мамас“ и „Тотал инжинеринг“, што се во сопственост на семејството Заеви.

„Испраќаме јавна благодарност до Турската амбасада во Северна Македонија за одличната соработка при реализацијата на хуманитарната помош.

Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење. Да останеме луѓе, да останеме пријатели, но никогаш, ама баш никогаш и никаде низ светот, да не се случи тоа што се случи на турскиот и сирискиот народ,“ порача Заев на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *