Регион

Нема одобрение за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф.Советот на општина Гевгелија даде негативно мислење

Советот на општина Гевгелија на денешната вонредна седница даде негативно мислење на Барањето за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања металични минерални суровини на локалитетот ,,с. Коњско’’ на Кожуф планина поднесено од „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје, а проследено од страна на Министерството за економија на РМ.

Советот беше информиран дека оваа компанија прв пат ја доби концесијата за детални геолошки истражувања за овој локалитет во 2013 година и по истекот на првично доделениот рок од 4 години сега бара продолжување на рокот за вршење на истражувањата за уште 2 години, согласно членовите 12 и 17-а од Законот за минерални суровини.

На самиот почеток на седницата, претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов, тргнувајќи од определбата за целосна транспарентност, како што нагласи, го одобри барањето на управителката на „Резервоар минералс“ ДООЕЛ Скопје Даниела Бомбол, да го образложи барањето пред советниците. Притоа, таа покрај образложените причини за продолжување на истражувањето, истакна дека не само при истражувањето, туку и во случај на отворање на рудник ќе биде запазени сите законски одредби и светски стандарди за заштита на животната средина.

Членовите на Советот на општина Гевгелија, по опстојната расправа што потоа ја поведоа, оценија дека, согласно Извештајот од извршените детални геолошки истражувања на металични минерални суровини на локалитетот Конско за периодот 2013-2017 година, како и записникот од извршениот теренски увид од страна на Министерството за економија на РМ, концесионерот немал суштински причини или пречки да го заврши истражувањето во законски рок, поради што наместо продолжување на концесијата за истражување, треба да уследи едностран раскин на договорот за концесија.

Советот на општина Гевгелија смета дека Министерството за економија, како и Владата на Република Македонија, како надлежен орган за работите од областа на минералните суровини, во целост да го почитува ставот на Советот на општина Гевгелија за давање негативно мислење околу барањето за доделување на концесија за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф планина.

Препорачуваме:

Општина Гевгелија ќе стипендира 10 студенти запишани на Медицинските, Машинските и Електротехничките факултети

Ѓ. K.

Портал за далечинско учење креира Општина Богданци

Dimitar Micev

Левица до локалната и централната власт:„Заштитете ја природата од бизнис интересите“