Регион

Левица до локалната и централната власт:„Заштитете ја природата од бизнис интересите“

Огранокот на партијата левица во Струмица, по повод денот на пролетта и екологијата, упати апел до надлежните институции од локалната и централната власт да ги стават здравјето и интересите на граѓаните пред бизнисот.

Во нивното соопштение се апелира за:

  • Да се престане со уништувањето на зелените површини во градот за изградба на станбени згради. Финансискиот интерес на мала група, да не се става над јавниот интерес.
  • Да се престане со уништувањето на шумите над градот, шумите се белите дробови на градот.
  • Да се престане со изградбата на индустиски објекти на плодно земјиште. Индустриските објекти еден ден може да престанат да работат, а плодното земјиште ќе остане трајно уништено.
  • Да се стави во функција велосипедската патека во градот, за која покрај мапирање и обележување потребно е и создавање услови за нејзино користење.
  • Да се испита добро влијанието на рудникот Иловица врз  животната средина, за да не дојде до трајно уништување на плодното земјиште и животната средина, заради рудник со 20 години век на екслоатација.

Препорачуваме:

Во вторник доделување на наградите од литературниот конкурс на струмичката библиотека

Сузана Мицева

Казни за возачи во Гевгелија и Валандово

Вечерва ќе биде презентиран визуелниот концепт на 19 издание на филмскиот фестивал Астерфест

Ѓ. K.