• Sat. May 18th, 2024

Казни за возачи во Гевгелија и Валандово

На 28.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопштуваат од СВР Струмица.

Притоа, биле откриени 10 прекршоци, за кои на возачите им биле изречени соодветни санкции.

-Истиот ден во периодот од 09.00 до 15.00 часот на подрачје на Одделението за внатрешни работи Валандово била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. При што биле констатирани 8 прекршоци, од кои 6 по акциската контрола и 2 останати прекршоци. Сите биле соодветно санкционирани, се вели во информацијата.

Истовремено струмичката полиција соопштува дека 15 лицa не ја почитувалe мерката за задолжително носење маски, од кои 6 во Гевгелија, 4 во Струмица, 3 во Валандово и 2 во Радовиш и ќе следуваат соодветни мерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *