Регион

Волонтери од Македонија и уште пет балкански држави во Струмица

Желбата да запознава нови луѓе, но да ја запознава и културата на Македонија, волонтерството и неговото влијание, го донесе Горан Бенков од Хрватска во Струмица, заедно со групата 32 младинци на возраст од 18-29 години преку проектот „Волонтер“ на Еразмус плус.

-Вторпат сум во Македонија, првиот пат бев преку школско патување. Многу ми се допаѓа тука, се е евтино, храната е прекрасна, луѓето се прекрасни. Овој проект е мошне интересен, запознав личности со отворен поглед кон свет. Затоа и аплицирав да бидам дел од проектните активности, за да запознаам нови луѓе, да ја запознаам подобро културата на Македонија, но и да научам за волонтерството и неговото влијание, вели гостинот од Хрватска.

Во Агенцијата за вработување во Струмица, волонтерите од Македонија, Романија, ПОртугалија, Бугарија, Хрватска и Турција изворно се запознаа со програмите и оперативниот план што се спроведува за вработување на млади лица.

Волонтерите, организирани преку Невладинара организација Креатор од Куманово, имплементираат пет волонтерски акции во Дојран и во Струмица.

Проектот Волонтер се спроведува до 11 март, преку Еразмус плус програмата на ЕУ и Националната агенција за евроспки програми и мобилност Македонија.

Препорачуваме:

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Ѓ. K.

Андон Сарамандов ја презеде градоначалничката функција во Гевгелија

Сузана Мицева

Горел паркиран „Мерцедес“ на „Климент Охридски“ во Струмица

Ѓ. K.