• Thu. May 16th, 2024

Младинска дебата за унапредување на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности кај младите

ByDimitar Micev

Mar 9, 2018

30-ти ученици од општинските основни и средни училишта беа вклучени во дебата за унапредување на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности кај младите. Тие разговараа за нивно учество во градење на одговорно, интегрирано опшество, општество кое треба понатаму да го развиваат. Небојша Мојсоски од Македонски центар за граѓанско образование, вели дека младите најмногу сакаат да дискутираат за дружење, музика, спорт, образование.

Активноста која има за цел подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументирано говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството , е поддржана и од општина Струмица. Во проектот беа вклучени по 15 ученици од основното и средното образование, 5 претсатвници од секое покането училиште и 10 претсатвници од Младиснки совет, Струмица. На дебата, свое обраќање имаше градоначлникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

Проектот Младински разговори на тема „Локалната заедница како главен фактор за унапредување на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности кај младите“ , е органзиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование и Младински образовен форум, а истиот е дел од проекто на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Проектот се реализира околу 10 месеци, а вклучени се 9 пилот општини, меѓу кои и општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *