Спорт

Наковски Волеј не го дава врвот, славеа победа против Бами кор во Тетово

Сениорскиот состав на ОК Наковски волеј ја забележаа и седмата првенствена победа во Првата женска одбојкарска лига на Македонија.  На гостувањето во Тетово беа подобри од домашниот Бами кор со 3:1 во сетови со што остануваат на водечката позиција во ова натпреварување

Малку недостасуваше струмичанки  да се вратат со максимална победа но во финишот од првиот сет им дозволија на го добијат со 25:23. Останатите беше чиста рутина за избраничките на Хари Наковски иако домашниот состав се обидуваше да им парира . Струмичките одбојкарки со 25:13, 25:17 и 25:18 го свртеа резултатот и играта во своја корист и освоија  нови три бода

Со седум победи и еден пораз Наковски Волеј е на лидерската позиција и има вкупно 21 бод. Престојното коло на свој терен ќе се одлучува кој ќе биде есенски шампион. Ќе се игра дербито од 9 коло меѓу Накосвки и Работнички кој во моментов е втор со натпревар помалку. Во последното коло им гостуваат на Јанта

Препорачуваме:

По првиот бараж, Академија Пандев и Хоризонт Турново блиску до Втора лига

Ване Трајков

Фото – Гевгеличани победници на Јуниор ракометниот КУП во Богданци – Узунчев избран за МВП

Балдовалиев донесе нова победа за Пандевци за пробив на третата позиција