• Tue. May 14th, 2024

Фото – Гевгеличани победници на Јуниор ракометниот КУП во Богданци – Узунчев избран за МВП

ByВане Трајков

Nov 26, 2018

Јуниорите на ,,Партизан” од Гевгелија се победници на првиот југоисточен Јуниор КУП што се одржа во Богданци во конкуренција на четири екипи.  Младите гевгеличани  во полуфиналето со 21:18 ги совладаа надежите на струмички Астраион а во финалето беа подобри од Вардар од Неготино со 37:25, тим кој со 20:10 во полуфиналето ги надигра домаќините Младост

Третото место го доби домашниот тим Младост Богданци кој во борба за третото место успеаа во продолжение да ги надиграт јуниорите на Астраион откако регуларниот дел заврши 18:18. Но во продолжени домаќините славеа со 23:21

Тодор Узунчев од Партизан Гевгелија беше избран за МВП на турнирот а најдобар стрелец беше Ангел Ицев од Вардар од Неготино

Овој југоисточен КУП се планира да продолжи и во иднина во сите градови од овој дел на државата а најверојатно ќе се приклучат и екипите на РАдовиш и Текстилец од Штип

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *