Регион

Граѓаните синоќа на форумот одлучија:Реконструкција на клон 4 , нова детска градинка во Дабиле и изградба на дом за стари и изнемоштени лица во Струмица

Реконструкција на клон 4 , нова детска градинка во Дабиле и изградба на дом за стари и изнемоштени лица во Струмица се трите приоритетни проекти за кои гласаа граѓаните на синоќешниот завршен буџетски форум.Овие три проекти ќе треба да се реализираат со пари од буџетот на о.Струмица во наредната 2019 година.

Граѓаните на цела територија на општината партиципативно учествуваа кон одлуките за креирање на буџетот низ петте форумски сесии и синоќа одлуѕчија каде ќе ги трошат парите.Општинските власти во континуитет напомнуваа дека , граѓаните заслужуваат допринос во перманентниот прогрес во заедницата.

Општина Струмица годинава самостојно ги спроведуваше форумските сесии бидејќи зад себе има веќе спроведено 5 форуми кој завршија со успешно реализирани проекти.

Општините во земјава кои сеуште се на старт на реализација со буџетски форуми веќе бараат помош и поддршка од о.Струмица

На синоќешната завршна буџетска сесија беа присутни граѓани од сите општествени структури кои заеднички одлучија кои ќе бидат трите приоритетни проекти кои ќе се реализираат наредната година.

Препорачуваме:

МСТП објави повик да се градат три улици и пат во Општина Босилово

Ване Трајков

Недела на борба против трговија со луѓе

Ване Трајков

Втор фестивал на класична музика во Струмица

Сузана Мицева