Регион

МСТП објави повик да се градат три улици и пат во Општина Босилово

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 14 улици во седум општини, во рамки на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините” меѓу кои и во општина Босилово каде се планирани да се работат три улици и еден локален пат. Како што информираат од Министерсвото во општина Босилово се планира:

  • улица во н.м. Иловица
  • две улица во н.м. Штука
  • локален пат од н.м Еднокуќево до магистрален пат А4,

Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 50 општини со околу 110 улици. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Северна Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.

Препорачуваме:

120 стечајци од Струмица со позитивни решенија за паричен надоместок

Дојран на референдум за или против рудници – ќе се изјаснуваат на 18 јуни

МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

Ване Трајков