Спорт

Во Турново Пандевци го пречекуваат скопски Вардар против кој немаат победа

Утре се игра последното есенско коло од Првата фудбалска лига на Македонија во кое Академија Пандев го пречекува тимот на скопски Вардар.  Мечот меѓу третопласираната Академијаи второпласираниот Вардар се игра на стадионот Кукуш во Турново со почеток во 13 часот  и ќе преставува дерби во рамките на редовното 18 коло

По победата во Тетово против шампионот Шкендија, самодовербата кај пандевци е на високо ниво за нов подвиг и тоа против Вардар кој ќе биде и историски бидејки во досегашната меѓусебна пресметка  Академија Пандев  немат забележано победа. Досега имаат одиграно пет меча во кои четири пати подобар беше Вардар и едно реми на Кукуш

Во првиот дуел ова сезона Академија Пандев претрпе пораз со 3:0. Од струмичкиот прволигаш најавуваат офанзивен меч за што очекуваат подршка од публиката со цел конечно да падне Вардар во Турново.  Натпреварот започнува во 13 часот а Марјан Ецкоски ќе биде главниот судија

Вториот струмички прволигаш Беласица есенската полуетапа ќе ја заокружи против Силекс во гости . На струмичките сино бели победа им е потребна за да се избегне дното од прволигашката табела

 

Препорачуваме:

Историја – Струмичани ја однесоа Македонската селекција на Европското првенство во одбојка

Ване Трајков

Градоначалникот Андонов со прием на балканските шампионки во футсал

Ване Трајков

АП Брера Струмица ги објави најинтересните моменти од натпреварот со Воска Спорт

Ѓ. K.