• Fri. May 10th, 2024

Историја – Струмичани ја однесоа Македонската селекција на Европското првенство во одбојка

[et_pb_section admin_label=”section”]
[et_pb_row admin_label=”row”]
[et_pb_column type=”4_4″]
[et_pb_text admin_label=”Text”]
Македонската одбојкарска репрезентација, предводена од одбојкари од струмичката школа на Кире Ричлиев, обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Словенија Белгија Франција и Холандија ова година. Ова е историски успех на македонската одбојка бидејки ова ќе биде прво учество на Македонија на едно ЕП во одбојка.

Црвено жолтите ,,спартанци,, забележаа убедлива победа од 3:0 во сетови против селекцијата на Унгарија и како најдобро второпласирана репрезентација од квалфикационите групи се најде на Европско што е историски успех за македонската одбојка

Против Унгарија но и низ останатите квалификациони дуели  блескаа струмичките деца кои го носеа главниот товар на патот за Европското но и во претходните настапи на македонската селекција во Европската лига

Станува збор за браќата Никола и Ѓорги Горгиеви, потоа искусниот Владо Милев, опасниот Александар Љафтов, младите и надежни Филип Маџунков и Славе Наков кои имаа свои мајстории во дуелот со Унгарија а во квалификациите од струмичката школа на Кире Ричлиев беа и Васе Михаилов, Марјан Урдов а во квалификациите беше повикан и  младиот Столе Илиев но заради повреда мораше да се откаже.

Токму сттрумичани ќе бидат главниот адут на селекторот Матијашевиќ и за дебитантскиот настап на Европското првенство што беше сон на ова генерација одбојкари


[/et_pb_text]
[/et_pb_column]
[/et_pb_row]
[/et_pb_section]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *