• Mon. May 20th, 2024

Општина Струмица одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

ByЃ. K.

May 9, 2024

Денес пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во малиот градски парк, во организација на Општина Струмица, се одржа свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

За историографијата и значењето на празниците зборуваше членот на Советот на општина Струмица, Ице Беличев. Тој во својот пригоден говор меѓу другото истакна:

„Денес се навршуваат 79 години од настанот кој стави голема точка на Втората светска војна, и 74 години од удирањето на камен темелникот на она што денес претставува Европската Унија. Овие две празнувања во едно ни припаѓаат и нам, затоа што, од една страна, и македонските граѓани беа дел од големата антифашистичка коалиција и подеднакво со сите останати имаа голема причина да и се радуваат на победата на фашизмот, а од друга страна и нашата македонска татковина е дел од Европа и e на само чекор-два од полноправното членство во Европската Унија“.

По одржаниот говор беше положено свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ, а членови од рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа и рецитал инспириран од двата историски датуми.

By Ѓ. K.