Регион

Млад градски театар Струмица, ќе биде домаќин на Велики театар -Јагодине, Србија

Млад градски театар Струмица, ќе биде домаќин на Велики театар-Јагодине, Република Србија. Станува збор за меѓусебна соработка на двата театри, а гостите од Србија ќе дојдат со две претстави. Првата „Машко-женски разговори“-комедија од Душан Радовиќ, ќе биде прикажана на 13 април во среда, со почеток во 20,00 часот. Втората претстава е детско-младинска за најмладите „Детска бајка-фрази за домашните миленичиња„, а истата ќе се одржи на 14 април во четврток, со почеток во 12,00 часот.

Млад градски театар Струмица, годинава слави јубилеј, пет години од своето постоење. Директорот Кире Ѓоргиев вели дека соработката со Велики театар од Јагодине ќе продолжи и понатаму со размена на актери, режисери.

Со посетата и покани од Меѓународни фестивали, Млад градски театар Струмица, потврди дека има сериозен квалитет, а нашите млади актери постигнуваат високи резултати во театарската игра, вели Ѓоргиев.

Препорачуваме:

Двајца починати и 9 новозаболени од корона во Струмица

Ване Трајков

Малинов: Борбата против рудници е борба за здрави поколенија

Сузана Мицева

Нема регистарски таблици во Струмица, од МВР велат дека избран е нов оператор за набавка