• Fri. May 17th, 2024

Нема регистарски таблици во Струмица, од МВР велат дека избран е нов оператор за набавка

By

Apr 10, 2021

Нема регистарски таблици во Струмица, од МВР велат дека избран е нов оператор за набавка

Веќе подолг период во Струмица, сопствениците кои набавиле нови возила или пак вршат преригистрација на возилата со странски регистарски ознаки на македонски не можат да добијат регистарски таблици.

Со денови се обраќаат до станиците за технички прегледи  дали и кога ќе дојдат таблици за да можат да ги управуваат своите возила. Од таму пак велат дека тоа е одговорност на МВР и дека тие вршат само технички преглед. Сопствениците на новонабавени возила велат дека државата треба да интервенира и обезбеди регистарски таблици.

Според информациите кои доаѓаат од Станиците за технички прегледи повеќе од 50 тина струмичани кои набавиле возила или пак ги изгубиле или оштетиле постоечктие не можат да добијат нови регистарски таблици. Се пријавуваат и чекаат ред за да ги набават кои според ценовникот на МВР изнесуваат околу 1200 денари.

Информациите говорат освен во Струмица недостаток на нови регистарски таблици  има и во останатите општини.  Кај дел има  одредена залиха. Дека  има застој во испораката на регистарски таблици во Струмица потврдија и од МВР. Портпаролот Тони Ангеловски вели дека идната недела ќе се реши проблемот.

„Потпишана е Рамковна спогодба која се однесува на регистарски таблици. Избран е нов економски оператор и е можен мал застој поради технички причини во издавањето, но набрзо ќе биде решено.“ -. информираа од МВР.

Досега регистарски таблички МВР набавуваше од фирмата Раде Кончар врз основа на договорот од  декември 2019 за една година во висина од 575 илјади евра за испорака на 80 илјади пара регистарски таблици. Од МВР не прецизираа кој е новиот економски оператор.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *