Регион

Почина анестезиологот од Гевгелија, осомничен за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе

Неполни шест месеци по смртта на родилката од Дојран, Маја Кадиева и нејзиното бебе, почина еден од анестезиолозите кои кобната ноќ на 22 октомври беа во родилната сала во гевгелиската болница. Најверојатно срцев удар е причина за смртта на 53 годишниот анестезиолог од Гевгелија, кој вчера беше и погребан на градските гробишта.

Постапката против него ќе запре, додека продолжува онаа за другиот анестезиолог.

Мвр почна истрага за смртта на родилката по обвинувањата на сопругот дека двајцата анестезиолози биле пијани во операционата сала. По завршените анализи се покажа дека двајцата имале алкохол во крват од 1,23 односно 1,75 промили.

Препорачуваме:

30 дена притвор за двајцата струмичани што пренесуваа дрога кај Ресен

Струмица-Град на културата 2021

Сузана Мицева

На децата им е потребна книгата за да го разберат светот

Сузана Мицева