Регион

Струмица-Град на културата 2021

Општина Струмица-Град на културата 2021. Вака одлучила комисијата при распишаниот конкурс во Министерството за култура. Веста ја објави струмичкиот градоначалник Коста Јаневски.

„По разгледувањето на петте пристигнати апликации од Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар согласно приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи, со богатата и разновидна програма и со буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање, Струмица да биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација. По тој повод денеска со министерката за култура Ирена Стефоска потпишавме договор за финанисирање на манифестацијата „Град на културата“, вели Јаневски.

Според градоначалникот јанвески, општина Струмица во доставената апликација понудила квалитетна и богата културна програма, со содржини од сите дејности на културата.

„Граѓаните на Струмица и сите љубители на културата и уметноста ќе може да проследат бројни активности од различни жанрови и со различна естетика, проекти преку кои се негува и традиционалното, но и современото творештво, а предвидено е учество на релевантни домашни и странски уметници. Општина Струмица ќе стави во функција бројни инфраструктурни и човечки капацитети со што ќе овозможи богата културна содржина во текот на оваа година.Во изработката на апликацијата беа вклучени сите установи од областа на културата во Струмица: Завод и музеј Струмица, Центарот за култура „Антон Панов“, библиотеката „Благоја Мучето“, домот за деца и млади ,,Благој Јанков Мучето” во координација со Општината“, стои во информацијата.

Препорачуваме:

Гевгеличани реагираат на смрдеа од живинарски и сточарски фарми

Ване Трајков

ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА -Документарен филм: ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА

Dimitar Micev

13. издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица

Ѓ. K.