Македонија

Министерство за здравство: Нема сомнителни тендери

 

Министерството за здравство најостро реагира за денешната прес-

конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во која според нив, се изнесени бројни невистини.

,,Во однос на обвинувањата дека во Министерството за здравство има сомнителни набавки, сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се вели дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот со јавните набавки во Министерството за здравство. Ова е и доказ дека нема сомнителни тендери. Согласно член 76 од Законот за јавните набавки Договорниот орган може, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка, да спроведе технички дијалог со економските оператори. Со самото тоа што Министерството за здравство објавило технички дијалог и овозможило секој економски оператор да даде свои мислења и коментари, може да се види отвореноста и транспарентноста на самата постапка, иако Законот за јавни набавки дава можност да не се спроведе техничкиот дијалог.

Во ова фаза на постапката (технички дијалог), 4 (четири) економски оператори доставија коментари и предлози во однос на тендерската документација и истите се разгледуваат од страна на стручни лица. Потенцираме, не е отворена јавна набавка за мамографи”, се вели во соопштението.

Во него се додава дека, од причина што постапката се уште не е отпочната/објавена на ЕСЈН самите понудувачи немаат можност да поднесуваат понуди. ,,Поради што се поставува прашањето како би можело Министерството за здравство да фаворизира некој економски оператор кога постапката не е објавена, односно не е завршен техничкиот дијалог, кога немаме конечна тендерска документација, која се објавува по завршување на техничкиот дијалог во кој ќе бидат јасно наведено што се прифаќа, а што не од коментарите и барањата од економските оператори кои што учествуваа во истиот”, се додава во реакцијата.

извор:makfax

Препорачуваме:

Спасовски: Бесплатна зелена нафта за сите земјоделци до крајот на мандатот

Сузана Мицева

До сабота нестабилно време, обилни локални врнежи од дожд во попладневните часови

Ване Трајков

„Родео“ и „Вест“ поскапи за 5 денари

Dimitar Micev