Регион

АГРО САЕМ- СТРУМИЦА 2019 ќе се одржи во август во Струмица

Од 30 до 31 август 2019 година, Струмица ќе биде домаќин на АГРО САЕМ- СТРУМИЦА 2019 во организација на Здружението „Проагро фармери“.

Оттаму велат дека на саемот ќе бидат презентирани здрави и квалитетни производи, нови технологии и механизации за обработка на земјиштето, презентирање нови видови семиња, ѓубрива и заштитни средства, како и презентирање на можностите за развој на руралниот туризам во овој дел од Македонија. Истовремено, во рамки на саемската манифестација ќе бидат промовирани и културните белези преку изведба на традиционалните ора и песни.

Според најавите од организаторот, дводневната манифестација ќе започне попладнето во присуство на министерот за земјоделство, високи гости од ЕУ и УНДП, како и градоначалникот на Општина Струмица и над 100 други гости кои ќе проследат богата културно- уметничка програма.

Вториот ден ќе биде организирана завршна конференција за презенирање на резултатите од проектот  „Модерно и квалитетно производство кај градинарите од село Банско, Муртино и Робово “ и поединечни презентации на фармерите на своите производи и презентации од страна на дилерите на механизација за најновите трендови во земјоделието, додека од страна на општините ќе бидат презентирани нивните можности за рурален туризам.

Саемот и дел од проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско, с.Муртино и с.Робово” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ), спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со свои средства учествуваат Општина Струмица и МЗШВ. #ЕУ #УНДП #ОпштинаСтрумица #МЗШВ

Препорачуваме:

Три лица повредени во Стојаково откако излетале од патот со патничко возило

Ване Трајков

Засега нема пари од Министерството за култура за Фолк фест Валандово

Ване Трајков

Почна санацијата на оштетените гранитни плочки на струмичкиот плоштад