• Sun. May 19th, 2024

СДСМ: Мицкоски е фрустриран и не може да се помири со успехот на Зоран Заев

Фрустрираниот Мицкоски не може да се помири со успехот на Зоран Заев, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Граѓаните многу добро се сеќаваат на темните 11 години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заробена, изолирана без никаква европска иднина. Тогаш се мислеше само на криминалите со кои ВМРО-ДПМНЕ се богатееше, а граѓаните осиромашуваа.

Од заробена држава, Северна Македонија денеска е светол пример.

Еве го успехот на Зоран Заев, неговите телефонски разговори и средби со светски државници:

Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот НАТО.

Стануваме 30 земја членка на НАТО.

Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ .

Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации, Зоран Заев за само 2 години ја извади држвата на вистински пат“, вели СДСМ во реакцијата.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *