Македонија

„Родео“ и „Вест“ поскапи за 5 денари

Цигарите од брендот Вест Компакт од денеска во продавниците се продаваат за 5 денари поскапо за една кутија. Од денеска, за 5 денари се поскапи и сите варијации на брендот Родео.

Продавачите во супермаркетите велат дека добиле најава дека во текот на утрешниот ден се очекува уште еден бран поскапувања на останатите брендови.

На 1 јули ќе се покачи и акцизата за цигарите за 4 денари по една кутија. Нема информации, дали производителите ќе ја зголемат повторно цената или пак повисоката акциза ќе се компензира со ова поскапување.

Препорачуваме:

Можно е повторно затворање на градинките?! Има родители кои ги запишале децата, а не ги носат

Царовска: Наставниците нема да останат без работа, ќе добијат поголема автономија

Во иднина учениците ќе се запишуваат електронски во средните училишта

Сузана Мицева