Регион

За еден месец ,41 стан ќе бидат распределени на социјално загрозени граѓани од Струмица во новата социјална зграда

Другата недела се очекува да биде распишан огласот за распределбата на 41 стан во новата социјална зграда во Струмица.Истата е наменета за лица со социјален ризик односно согласно критериумите на огласот ќе можат да се јават само деца без родители,корисници на социјалан помош, лица погодени од елементарни непогоди,лица со инвалидитет ,самохрани родители со малолетни деца , слепи лица корисници на социјална помош како и припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени.

Првиот човек на општината градоначалникот Коста Јаневски е задоволен од соработката со ресорните министерства кои со взаемна соработка се стремат кон намалување на социјалниот јаз меѓу жителите на о.Струмица

Становите се комплетно опремени со керамичка санитарија , мини кујна, под и столарија.Огласот за конкурирање ќе се отвори наредната недела и ќе трае 30 дена.Заинтересираните граѓани ќе можат да аплицираат со потребната документација во Центарот за социјални работи во Струмица.

Препорачуваме:

Насилна смрт во Струмица

Dimitar Micev

Струмичката епархија информира дека нема да има заедничка литургија на македонски и бугарски свештеници кај Ново Село

Сузана Мицева

Продадени 25% акции од Еуромакс рисорсис, објави Здрава котлина

Сузана Мицева