• Tue. May 14th, 2024

Насилна смрт во Струмица

ByDimitar Micev

Feb 19, 2021
ОЈО основно јавно обвинителство

Насилна смрт истражува ОЈО во Струмица. Шеесет и седум годишна струмичанка која била пронајдена мртва во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во Струмица била убиена. Основното јавно обвинителство за МИА информира дека причината за смртта е настаната по насилен пат. Со тие информации Основното јавно обвинителство и полицијата излегле после завршувањето на увидот од нивна страна. Во текот на утрешниот ден се очекува повеќе информации за настанот и можните сторители на делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *