• Thu. May 16th, 2024

Продадени 25% акции од Еуромакс рисорсис, објави Здрава котлина

Продадени 25% од акциите на компанијата Еуромакс рисорсис, објави Здрава котлина. Според Здрава котлина ова е потврда на нивните предупредувања дека тетовски Еколог е заинтересиран да ја купи компанијата концесиоер на рудникот Иловица. Според информациите што ги објавија активистите акциите се купени преку холандскиот холдинг NDX BV. Станува збор за акции во вредност од 3 милиони американски долари, а договорени се дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.

Од здрава котлина наведуваат дека овластен потписник на договорот поврзана со трансакцијата е Али Везваеи, кој пак во исто време е потпретседател на бордот на директори на Еколог Интернационал групацијата и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile.

Активистите со месеци предупредуваат дека тетовската компанија со пддршка на политичките партии ќе се обиде да го купи и отвори рудникот.

Од тетовски Еколог неофицијално негираа дека се заинтересирани за купување на Еуромакс. Но, на официјалните прашања испратени до компанијата, не одговорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *