• Thu. May 16th, 2024

Аерозагадувањето во Струмица на високо ниво ,ама заштитни маски речиси никој не користи

Иако Струмица котира високо на листата на најзагадени градови во земјава и речиси и да нема мерки за заштита и спречување од штетните ПМ 10 честички , сепак струмичани недоволно информирани за превентивните заштитни маски кои се нудат како алтернативна можност за превенција.Лицата кои работат со софистицираните маски и кои доволно добро знаат која е нивната улога сепак велат дека лекарите се тие кои треба да ги информираат граѓаните за заштитната функција на маските.Интересот за маските е на минимум, а здравствените проблеми на граѓаните од загадениот амбиентален воздух секојдневно се зголемуваат.

Граѓаните речиси и да не знаат кое е вистинското значење на маските , а некои велат дека дури и ретко кога ги напуштаат домовите кога е најкритично.

Некои општини во земјава веќе набавија заштитни маски од аерозагадувањето , најмногу за децата.Додека пак, Министерството за здравство преку соопштение до јавноста информира дека во подготвителна процедура е постапката за набавка на заштитни маски, кои бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик, а штом биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите, соопштија од Министерството.Синоќа во Струмица ПМ 10 честичките беа близу 600 микрограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *