Регион

Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион имплементира проект Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовишво партнерство со општина Сандански, Р.Бугарија и општина Радовиш, Р.С.Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Вкупната вредност на проектот изнесува 587.931,97 евра, од кои ко-финансирањето од општина Радовиш изнесува 191.636,00 евра, а останатите средства се обезбедени од Европската Унија и Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

Главна цел на ваквиот проектот е спречување и ублажување на последиците од природни катастрофи од прекугранична димензија, со тоа што главна активност во Југоисточниот регион е уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри, чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи.

Преку овој Проект освен што ќе се уреди коритото на река Сушица во Радовиш исто така со отворена зелена работилницаќе се изврши пошумување и позеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите како и кон прилагодување на климатските промени во иднина, ќе се подготви Водич „Збирка на добри практики за борба против последиците од климатските промени во заедниците“, како и Тркалезни маси за дискусија за ублажување на последиците од климатски промени за поддршка и размена на добри практики, искуства и знаења за различните мерки за ублажување на последиците од климатски промени.

Исти такви активности ќе се реализираат и од другата страна на гараницата, односно во општина Сандански, со што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи.

Целни групи и заедници кои ќе имаат корист од резултатите на проектот се Општинските администрации на општина Сандански и општина Радовиш, НВО кои работат на полето на заштитата на животната средина и спречувањето на природни непогоди, образовните институции од општина Сандански и општина Радовиш кои ќе се запознаат со климатските промени, населението на с. Лилјаново (233 жители) и градот Сандански (28.058 жители) од Република Бугарија инаселението на градот Радовиш (16.223 жители) од Р.С.Македонија.

Препорачуваме:

Вонреден инспекциски надзор на водата во Дојранското Езеро

Сузана Мицева

СВР СТРУМИЦА ПОТВРДИ:ТРИ ДЕНА Е ИСЧЕЗНАТА 28 ГОДИШНАТА МАРИЈА БРЗАКОВА ОД БОСИЛОВО,СЕМЕЈСТВОТО НЕУМОРНО ЈА БАРА

Стојне Митева

Гори шума кај село Чалакли