Регион

Вонреден инспекциски надзор на водата во Дојранското Езеро

Вчера Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор на водата во Дојранското Езеро. Инспекцијата е извршена по пријава на граѓани за можно загадување на водата во Дојранското Езеро. Тие направиле увид и повеќе фотографии на Нов до Стар Дојран, особено на локацијата кај Престиж за каде и се однесувала пријавата.

Од инспекторатот велат дека немало ништо визуелно видливо при увидот, а согласно член 235 од Законот за води, делот управување со квалитетот на водите за пиење и рекреација е надлежност на Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат. Хотелско-угостителските капацитети долж крајбрежјето се општинска надлежност на градоначалникот и општината, истите се приклучени на колекторскиот систем, а надлежноста за вршење инспекциски надзори согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, е на локалниот општински комунален инспектор.

Од страна на ДИЖС во месец јули направен е редовен инспекциски надзор согласно Елаборат за животна средина, во ЈКП Комуналец Полин, Дојран за колекторскиот систем и се задолжени за мерења на анализа на прочистени води влив во Дојранско Езеро. Мостри се земени изминатата недела и врз основа на извештајот од анализите ќе продолжи инспекциската постапка.

Препорачуваме:

Пренасочување на улиците „24 Октомври“ и „Братство Единство“ поради градежни активности

Ѓ. K.

Општина Валандово распиша тендер за уредување парк

СВР: Компаниите што работат трета и четврта смена да им обезбедат дозволи за движење на вработените

Сузана Мицева