• Sat. May 18th, 2024

СВР: Компаниите што работат трета и четврта смена да им обезбедат дозволи за движење на вработените

Секторот за внатрешни работи Струмица, апелира до сите правни лица и компании  на подрачјето кои работат во 3-та и 4-та смена на своите вработени да им обезбедат Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа, донесена врз основа на Одлука на Владата за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од 18.03.2020 година, а во врска со Одлука на Влада за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија објавена во Службен  весник бр. 72/2020 од 21.03.2020 година.

Истовремено повикуваме до правните лица / компаниите до  Полициските станици од општа надлежност Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово при СВР-Струмица, веднаш да  достават   Списоци  на компании  кои работат во 3-та и 4-та смена со издадени Дозволи за движење на вработени поради вршење на сменска и ноќна работа.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *