• Fri. May 17th, 2024

(Видео) Фон дер Лајен: Македонија и Албанија денеска ги отвораат пристапните преговори

Луѓето од Албанија и Северна Македонија го заслужуваат ова. Ова е ставот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа кажа дека денеска двете држави ги отвораат пристапните преговори со ЕУ. За неа, ова е успех на граѓаните и државите.

„Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС. Тоа ќе ја зацврсти нашата соработка за миграцијата. Можете да сметате на мене за да бидете сигурни дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик без фусноти. Ќе има зголемени инвестиции, подобрени трговски врски, подобра соработка за енергетиката и транспортот. И ова е она што вашите граѓани го чекаа толку долго и го заслужуваат. Покажавте лидерство, стратешко трпение. Особено Еди. Покажавте дека сте вистински пријатели и партнери“, посочи Урсула фон дер Лајен.

Таа посочи дека се покажало отпорност и задржана е вербата во пристапниот процес со борбата против корупцијата. Потоа зацврстување на правото, добро граѓанско општество, бројни реформи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *