Регион

Идната година ќе биде пуштен во употреба новиот болнички крак

Новото крило на струмичката  болница следната година треба да биде пуштено во употреба.  Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче,  економскиот оператор ги завршува финалните позиции кога се градежните работи во прашање и доколку се биде според планираното на почетокот од следната година новото крило инфраструктурно целосно ќе биде подготвено. Во меѓувреме во рамки на владата се работело на обезбедување буџет за набавка на потребната опрема.

,, Работиме во рамки на владата заедно со министерството за финансии на обезбедување буџет истото да се опреми. Разговараме и со експерти од болницата во однос на прераспределбата на одделите, односно како најрационално тој простор ќе се искористи. Така да следната година после долги години Струмица ќе има нова болница.,, вели Венко Филипче

Препорачуваме:

Без законска основа Владата ги намали блок дотациите на О. Струмица за детска заштита

Dimitar Micev

ВИДЕО: Една компанија за откуп на тутун уште е со затворени врати за тутунарите

Видео – Уште два дена за аплицирање за субвенции по електронски пат