Регион

Гори шума кај село Чалакли

Гори мешовита шума во близина на село Чалакли. Претпладнево околу 11 часот пријавен е пожарот кој зафатил поголема површина дрва и прнар во месноста кај ова село во општина Валандово.

Според информациите од противпожарната станица од Валандово, на терен се излезени два камиона, а им помага и авион.

Засега, нема точни информации за и околу локализирање на огнената стихија, само дека навремено се врши дотур на потребните материјали и ресурси за гасење на пламенот.

Облаците со пепел и чад беа видливи и во Струмица и околината.

Препорачуваме:

Видео: Реакции од струмичани за високиот надомест за пренос и дистрибуција

Ване Трајков

Во недела ССМ организира работнички протест

Утрово повторно краткотрајно невреме, нема штети

Dimitar Micev