Регион

Најмногу кандидати за градоначалник во Дојран а за советници во Радовиш – Кој се има поднесено кандидатури по општини

СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, НДМ, ДПТ се политиичките партии кои доставиле кандидатури за градоначалници и листи за советници до општинските изборни комисии во југоистокот.  Во дел од општините во овој дел од државата има и независни  кандидатури за градоначалник но и листи на советници подржани од група избирачи

Во Струмица има двајца кандидати за градоначалници и две советничкии листи . СДСМ оди со Коста Јаневси а ВМРО ДПМНЕ со Марјан Бајрактаров

Во Гевгелија  двајца кандидати за градоначалници  Сашо Прочков од СДСМ и Иван Франгов од ВМРО ДПМНЕ. Во Гевгелија  ќе има  пет  листи за советници  

Во Радовиш двајца партиски кандидати за градоначалник и еден независен,  но и седум листи за советници. За градоначалник таму претендираат  Герасим Конзулов од СДСМ, Сашко Николов од ВМРО ДПМНЕ и независниот Јуре Ѓеоргиев. Во ова општина од седумте дури 4 листи за советници се независни

Во Валандово до ОИК , кандидатури за градоначалници имат доставено СДСМ со Перо Костадинов, ВМРО ДПМНЕ со Николче Чурлиновски и независниот Стојан Манолев.  Таму само двете политички партии доставиле листи за членови во Советот

Во Богданци за градоначалник ке трчат двајца кандидати Блажо Шапов од СДСМ и Никола Роглев од ВМРО  ДПМНЕ.  Таму освен од овие партии има и независна листа за советници

Во Дојран аспирации за градоначалник имат дури четири кандидати. Двајца партиски и двајца независни од група  избирачи. Анго Ангов од СДСМ, Борче Стамов од ВМРО ДПМНЕ и независните Снеажана Манева и Тони Ајцев атакуваат на градоначалничката фотелја. Во ова општина има три листи за советници од кои една независна

Во Ново Село доставени се три  кандидатури за градоначаланик и тоа Боро Стојчев од СДСМ, Блажо Велков од ВМРО ДПМНЕ и на Драган Трајков од НДМ.  За Советници  листи доставиле  СДСМ И ВМРО ДПМНЕ

Во Босилово до ОИК кандидатури за градоначалници имат доставено СДСМ со Зоран Зимбаков и ВМРО ДПМНЕ со  Лупчо Колев. Овие две коалиции имат и листи за советници

Во Василево има две кандидатури за градоначалник и три листи за советници. За градоначалник. СДСМ со Марјан Јанев и ВМРО ДПМНЕ со Ванчо Стојанов. Таму листа за советници има и ДПТ

Во Конче двајца кандидати за градоначалник  и четири листи за советниците. Боро Јанев од СДСМ и Благој Јованов од  ВМРО ДПМНЕ претендираат за градоначалник а листи освен овие партии имаат и ДПТ  и НДМ

Општинските изборни комисии имаат рок од 48 часа да ги разгледат кандидатурите и да ги потврдат.

Препорачуваме:

ВИДЕО:Нема да се плаќа партиципација во градинките за јуни, јули и август

Донесен Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година

Ване Трајков

Расте бројот на читателите во струмичката библиотека „Благој Ј. Мучето“