Забава

Живко Динев и пријателите Сузана Гавазова и Миле Кузмановски ве канат на летна „Боемска вечер“ во Струмица

Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, на 26 јули ќе се случи музички настан на кој струмичани ќе имаат можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски.

Исто така ќе настапат и „Арија-бенд“ со Влатко Крстев на виолина и Дарко Илиевски на хармоника.

Репертоарот е исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша.

Тоа подразбира сентиментална музика од репертоарот на Тома Здравковиќ, најголемиот меѓу боемите.

Покрај нив, ќе настапи и познатиот Коки Јанков (од поранешното дуо „Дуле и Коки“) со својата добропозната виолина која ќе ги разгали душите на струмичани.

Концертот ќе се одржи кај чешмичката, во Градскиот парк во Струмица.

Препорачуваме:

Gunther Werks Porsche 400R: Перфекција за пола милион долари

Трамп си отвори социјална мрежа

Сузана Мицева

Добрила Чобриќ: Најмрачен период ми беа петте години во затвор во Солун

Сузана Мицева