• Thu. May 16th, 2024

Добрила Чобриќ: Најмрачен период ми беа петте години во затвор во Солун

Добрила Чобриќ ја знаеме како неверојатно витална, енергична и музикална дама, која живее за уметноста и во својот едноставен живот во Дојран. Иако во длабока старост, има 96 години, последните години ја гледавме на најгледаните музички шоуа во соседството и кај нас, како натпреварувачка, како жири, или едноставно како гостинка.

Уште не се дели од својот автомобил, а во интервјуто за колегата Љубчо Алексовски од Тв Нова од Гевгелија, раскажа дека возачката дозвола и била продолжена до 20225 година, кога ќе има 98 години.

Оваа возраст несомнено дава храброст да се погледне смело назад кон животот, да се согледаат сите драги и помалку убави настани од поинаков агол и со поголема мудрост. Токму тоа го прави Добрила во својата автобиографска книга, која е во подготовка и планира да ја издаде оваа есен.

Добрила во книгата се сеќава и за најмрачниот како што вели период од нејзиниот живот, кога како што тврди во Грција и била подметната торба со наркотични дроги, од момче со кое патувала таму. Полицијата извршила претрес и како што се сеќава Добрила, таа не можела да докаже дека дрогата не е нејзина па била осудена на 20 години затвор, но одлежала само пет.

Чобриќ вели дека ова скапо искуство ја научило на претпазливост, но и помогнало и да созрее.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *