Забава

Александра Јанева го промовираше новиот сингл „Одвреме навреме“, спотот го снимала сама со телефон и gimbal во Италија

Поп пејачката Александра Јанева го промовираше својот нов сингл насловен како „Одвреме навреме“. Таа на својот фејсбук профил напиша:

„Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија“.

Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а под текстот се потпишуваат двајцата заедно. За монтажа и колор корекција се погрижи Горан Симјановски.

Препорачуваме:

За оние кои планираат одмор, две корона мерки се актуелни во Црна Гора

Сузана Мицева

Бадник – радост на христијаните пред раѓањето на Исус

Сузана Мицева

„Мали македонски рисови“ на Детскиот карневал

Сузана Мицева