Забава Регион

„Мали македонски рисови“ на Детскиот карневал

Маските се речиси готови, но, настапот мора да се извежба до перфекција. Ваков е ставот на малите карневалисти од Видое Подгорец и нивната наставничка Емилија Трајкова, кои последните денови пред детскиот карневал забрзано се подготвуваат.

Вежбаат во секој слободен момент, понекогаш и после часовите. Нивната група е наречена „Мали македонски рисови“, а годинава ќе се претстават со маската „Македонска фудбалска репрезентација“.

Маската испраќа повеќезначна порака: дека децата треба да спортуваат, да ги поддржуваат националните тимови, но и духот на струмичкиот карневал, кој е традиција во која се вљубуваат струмичани уште од мали.

Со нетрпение ги очекуваме рисовите на Детскиот карневал!

Препорачуваме:

До 30 септември е рокот за пријавување за полагање испит за лиценци за проценители на тутун

Dimitar Micev

Во Франција нов вид корона-вирус

Сузана Мицева

Јагнешкото месо се продава околу 550 денари за килгорам

Сузана Мицева