• Fri. May 17th, 2024

Ѓоковиќ: Вимблдон е „светиот грал“ на тенисот

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Новак Ѓоковиќ започна со победа на Вимблдон. Во првото коло го победи Педро Качин со 3-0. Иако не загуби сет, српскиот тенисер мораше да игра еден тај-брејк, а Аргентинецот се прикажа во солидно светло против него. По победата, српскиот тенисер го анализираше мечот и зборуваше за посебноста на Вимблдон.

„Ова е можеби најчудниот меч кој сум го одиграл, беше фрустрирачки за сите. Сакавме да играме, ама не беа сјајни условите. Кога се отвори покривот, ситуацијата се смени. Ова е „светиот грал“ на тенисот, нешто посебно. Секогаш кога излегувам на овој терен е забавно и поинаку. Секогаш сум сонувал да го освојам трофејот. Детскиот сон си го исполнив во 2011 година, па секогаш се присеќам на тоа. Се чувствувам поврзан со младото момче од Србија кое сонуваше да го освои Вимблдон.

Педро заслужи аплаузи, особено поради третиот сет. Сервираше многу добро, погодуваше тешки ударо, па не беше лесно. Игравме егал, а подобро го започнав тај-брејкот и тоа ми помогна. Тој е млад и силен, игра подобро на поспорите подлоги. Првиот меч секогаш е тежок, тактика, стилот, сè е поинаку и потребно е малку време“, изјави Новак.

Ѓоковиќ е водечки на вечната листа со 23 Грен слем титули, тој го брани трофејот од минатата година. Тоједна повеќе од Рафаел Надал.

By Ѓ. K.