• Sun. May 12th, 2024

Заврши традиционалниот „STREETBALL 3×3 – РАДОВИШ 2023”

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

И оваа година под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Радовиш, на терените во ООУ „Никола Карев“ се одржа традиционалниот турнир во Баскет „STREETBALL 3×3 RADOVIS 2023”

Во одлична спортска атмосфера и пред многубројни љубители на уличниот баскет, вчера беа одиграни полуфиналните и финалните натпревари.

Овогодишни освојувачи на првото место се екипата „СНАГА“ од Чаир – Скопје, кои во финалето ја победија екипата „ЗЛАТАРА НИКО“ од Радовиш.

Третото место го освои екипата на Гевгелија.

Пехарите, медалите и ваучерите на најуспешните ги додели Градоначалникот Ацо Ристов, упатувајќи голема благодарност до сите учесници.

By Ѓ. K.