Спорт

Виктори или Наковски – Кој ќе слави во првото одбојкарско соочување ова сезона !?

Утре се играат дуелите од 6 тото коло од Првата женска одбојкарска лига на Македонија а вниманието ќе биде свртено во Струмица во салата Партизан каде се среќаваат двата струмички прволигаши Виктори и Наковски Волеј.

Двата тима имаат одлични остварувања на стартот од сезоната. Виктори Волеј доби три натпревари од четири дуели додека пак Наковски волеј со скор од 4 победи и еден пораз се наоѓа на врвот од прволигашката табела

Овие два тима лани за првпат се соочија при што Виктори беше подобар. Но ова сезона девојките од двата табора имаат поголемо искуство и желба за докажување кој е кој во струмичката женска одбојка

Градското дерби е закажано во Партизан со почеток во 19 часот. Два часа претходно Македонија Макс игра со Работнички додека одбојкарите на Џио Струмица утре во Партизан во  13 часот и 30 минути мегдан ке подели со Лирија

 

Препорачуваме:

Србите издоминираа: Ивана Вулета освои злато, а Ѓоковиќ се издигна како феникс на Мастерсот во Синсинати!

Ѓ. K.

Џио Струмица ја освои КУП титулата а Наковски Волеј среброто во Купот

Ване Трајков

Беласица со рекордна победа, 24:0 против Конче Бирлик

Ване Трајков