Спорт

Беласица со рекордна победа, 24:0 против Конче Бирлик

Ако се суди по резултатот место фудбал, на стадионот Младост во Струмица во рамките на 8 коло од Третата лига исток  се играше ракомет. Струмичките сино бели – екипата на Беласица го совладаа тимот на Бирлик од Конче со 24:0 а на полувреме беше 16:0

Фудбалерите на Беласица немаа жалост кон гостите кои се на последната позиција во ова натпреварување а според првиот човек на клубот Славчо Васков Пинда овој резултат односно победа е рекорд  во струмичкиот односно мак фудбалот

Беласица по осум кола е лидер во Третата лига со осум победи од исто толку натпревари и постигнато над 50 голови и огромна предност пред останатите третолигаши

Препорачуваме:

Струмица има пингпонгарски потенцијал, пионерите на ППК ,,Струмица’’ станаа Вицешампиони

Игор Петков најавува победа против Апиа во Виареџо

Ване Трајков

Џио Струмица нема да го игра реваншот со Омонија, коронакризата наметна нови правила

Ване Трајков