• Thu. May 16th, 2024

Џио Струмица во Велес забележа нова убедлива победа, во сабота во Партизан ќе ја ,,гости’’ непоразената Лирија

ByВане Трајков

Nov 15, 2018

Актуелниот првак  екипата на Џио Струмица забележа нова победа. На гостувањето во Велес со 3:0 во сетови беше убедлив против ГОК ,, Борец’’ ( 25:08, 25:11 и 25:11). Четата на Кире Ричлиев како на тренинг ги поминаа велешани и ја забележија третата победа во првенството по триумфите без изгубен сет против  „Универзитет во Тетово“ во гости  и против  „Вардар“ дома.

Со максимални 9 бода или три од три , струмичани се лидери во прволигашкото одбојкарско друштво. Во сабота тимот на Џио Струмица во салата Партизан во 13,30 часот ја пречекуваат Лирија која исто така има три победи и се наожа на втората позиција со вкупно 7 бода

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *