Спорт

Трчеа, донира и победија за малата Нина – Наковски волеј славеше против Ускана

Одобјкарките на Наковски Волеј ја забележаа четвртата победа во шампионатот откако на свој терен целосно го надиграа тимот на Ускана од Кичево. Гостинките во ниту еден момент немаа сила да се заканат, па избраничките на Хари Наковски без проблеми славеа со 3:0 во сетови (25:16. 25:11. 25:12)

Мечот Наковски волеј – Ускана имаше хуманитарна димензија. Посетителите што го следеа мечот донираа со купените влезници за малата Нина Димитриевска за која претходно одбојкарките зедоа учество на Трката за Нина каде што трчеа и донираа за нејзино лекување

На мечот имаше и транспаренти ОК Наковски волеј со срце за Нина….Дуелот утре на програмата на Канал ВИС во 17,30 часот

Препорачуваме:

Беласица остана без тренер, по двата порази се раздели со Беќаров

Ѓ. K.

Пионерите на РК ,,Астрион,, лигата ја стартуваа со победа против Текстилец

Виктори или Наковски – Кој ќе слави во првото одбојкарско соочување ова сезона !?

Ване Трајков