• Mon. May 13th, 2024

Беласица и Академија Пандев поразени, синобелите дома со 4:1, пандевци во гости со 1:0

ByВане Трајков

Nov 10, 2018

Двата струмички одбојкарски прволигаши Беласица и Академија Пандев во рамките на 14 коло од Првата фудбалска лига на Македонија претрпеа порази. Синобелите на Младост со 4:1, пандевци во Кратово со 1:0

Беласица по одличниот резултат во Скопје кај Вардар каде извлече реми 1:1, на свој терен доби ,,шлаканица,, од Македонија ГП  која четири пати ја тресеше мрежата на Пашовски. Избраниците на Марјан Живковиќ правеа многу техички грешки кои ги користеа ,,лавовите,, и лавовски се изборија за победата преку Робсон Кировски со два гола и Миовски благодарение на недозволената грешка на чуварот на мрежата на Беласица

Пандевци пак не можеа да го надиграт фенерџијата Силекс во Кратово кој преку Георгиев забележа победа и освои значајни три бода за да го избегне  дното од прволигашката табела

По ова 14 коло Шкендија е лидер, пандевци се на третата позиција а Беласица на последната

Еве ги головите на стадионот Младост  меѓу Беласица и Македонија ГП

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *