Спорт

ОК Џио Струмица му зеде мерка и на ланскиот финалист Вардар со 3:0 во сетови

Одбојкарите на Џио Струмица многу полесно од очекувањата  забележаа победа против ланскиот финалист тимот на Вардар од Скопје со резултат од  3:0 (25:16, 25:15, 25:13) .  Струмичани демонстрираа сила онолку колку што беше потребно за да се надигра подмладениот Вардар кој немаше многу сили да им се спротистави на расположените домакини.

Четата на Кире Ричлиев по победата над Универзитет Тетово во гости ја забележаа втората победа без изгубен сет и веќе се наметнуваат како сериозни претенденти за одбрана на ланската шампионска  титула

 

Препорачуваме:

Брера Струмица ремизираше против Киргистан

Ѓ. K.

ФОТО: Мак-Струмица по 5 месеци постоење излезе на меѓународна сцена и се врати со пехар !

Ване Трајков

Академија Пандев се пласираше во полуфиналето од Купот

Ване Трајков