Спорт

ФОТО: Мак-Струмица по 5 месеци постоење излезе на меѓународна сцена и се врати со пехар !

Младите фудбалери на ,,Мак-Струмица’’ изминативе денови зедоа учество на меѓународниот турнир за деца генерација од 2004 до 2006 во Бугарија насловен Сандански КУП.  За дечињата од Струмица ова беше прв меѓународен турнир имајки во предвид дека постојат неполна половина година. Според ждребот тие се најдоа во силна група каде одиграа одлично и без респект кон противниците, пружаа отпор преставувајки се во најдобро светло.

Како што не информираше Томе Христов, МАК-Струмица во Сандански ја забележале и првата интернационална победа и тоа против екипата на Спартак  Плевен со резултат  2:1 каде Муканов и Војнески биле стрелци. Во останатите два натпревари младите струмичани претрпеле порази и тоа од Минјор Перник со резултат 5:1 и од Пирин Благоевград со 6:0 кои биле и победници на турнирот за фудбалери во генерацијата 2004

,, Во сите три натпревари одигравме изедначено во првите полувремиња но во вторите не можевме да издржиме. Тоа беше силен ритам на натпревари со силни протвници. Ние игравме и со деца родени во 2006 наспроти нашите противници кои беа со деца 2004.  Посебни сме горди на победата против Спартак Плевен со што го свртивме вниманието на сите на овој КУП бидејки тоа беше најголемото изненадување во групата,, ни изјави Христов кој подвлече дека Сандански КУП беше со цел да се собере искуство а во втор план биле резултатите

По одлично прикажаната игра на Сандански КУП за што од организаторите добија пехар, ФК Мак Струмица доби покана за учество на турнири во Грција и Бугарија

Препорачуваме:

Беласица остана без тренер, по двата порази се раздели со Беќаров

Ѓ. K.

Македонската женска фудбалска селекција до 19 години се пласираше во „Лига А“ за пласман на Европското првенство

Ѓ. K.

Видео: ,,Горан Пандев але а ле…,, Ечеше струмичкиот плоштад од ,,пандевци,, по двете КУП титули

Ване Трајков