Регион

Снегот не им дозволина учениците од Попчево,Рич и Раборци да дојдат на настава во Струмица

Ученици од селата Рич, Попчево и Раборци денеска не стигнаа на настава во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица бидејќи патот до овие села не е прооден поради снег.

Од општина Струмица информираат дека се прават напори со механизацијата да се исчисти патот до овие населени места.

Во Струмица од синоќа снегот интезивно врне и според податоци од Центарот за управување со кризи во Струмица се наталожиле 12 сантиметри. Сите регионални и магистрални патишта во Струмичко се проодни во зимски услови и апелираат до возачите на внимателно возење и поседување соодветна зимска опрема.

Препорачуваме:

Започна доизградбата на патот до Ума

Ване Трајков

Фото – Васил Гарванлиев пред промоција на својот сингл и видео спот ,,Ѓердан,, со убавините од Македонија

Ване Трајков

НВО „Иновативност“ од Радовиш финишира со ИПА проект