• Tue. May 21st, 2024

Фото – Васил Гарванлиев пред промоција на својот сингл и видео спот ,,Ѓердан,, со убавините од Македонија

ByВане Трајков

Sep 20, 2018

,,Ѓердан си, земјо мила ти , сал за моите гради, од свеќа.”….Ова се дел од рефренските стихови од најновиот сингл со видео спот на струмичанецот Васил Гарванлиев чија промоција ќе биде деновиве. Станува збор за песна во која доминират вокалните способности на Гарванлиев испрепелтена низ повеќе музички жанрови со одлични пејзажи од Македонија

,, Преку спотот сакав да ја презентирам нашата земја низ видикот на четири жени од различни генерации. Јас во приказната сум патникот кој ги собира алките за да го нанижи македонскиот нескршлив ѓердан а во дел од спотот сум ангел кој го преставува внатрешното на сите нас кој со танец ја нарушува болката и од кон подобро надежно утро,, изјави за Канал ВИС Гарванлиев

Спотот се снимал четири дена на повеќе локации од земјава за што извозиле над илјада километри. Автор на музиката е Саша Драгиќ, текстот на Весна Малинова а аранжамнот е на Диран Тавитијан

Гарванлиев околу 20 години е надвор од македонската музичка сцена. Има живеено во Торонто, Чикаго, Милано Лондон. Како оперски пејач има настапувано во повеќе од 40 улоги насекаде во светот, свои концерти и концерти со познати музички имиња а се јавува и како придружен вокал и на повеке поп песни.

,, Сакам да се вратам дома па да ги проширам крилјата со наша музика низ светов. Сретнувајки го Саша Драгиќ,  песната ми беше клучен момент да и се вратам. Веќе во план е и втора песна и ја планирам пред крајот на ова година. Секако дека со мојот глас и понатаму останувам на светската сцена. Од идната година имам ангажман за турнеја со камерна музика која почнува Carnegie Hall од Њуорк,, изјави за Канал ВИС Васил Гарванлиев

Снимањето на спотот Ѓердан се реализираше со Бојан Стоилковски, Коста Јованов, Столе Ангелов и Горги Вацев a истата ќе биде објавена на неовиот Youtube канал

https://www.youtube.com/channel/UCN60TALxj3dKCb17c0xivVw?app=desktop

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *